Цените на угостителските услуги во август бележат зголемување од 0,6 проценти во споредба со претходниот месец, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Споредбено со истиот месец од изминатата година, угостителските услуги во август бележат раст од 3,7 проценти.
Анализирано по одделни групи на месечно ниво, во август во однос на јули годинава, зголемување од 1,5 проценти е забележано кај алкохолните и безалкохолните пијалаци. Цените на храната во угостителските објекти бележат раст од 0,5 проценти, додека кај ноќевањата е евидентирано зголемување од 0,4 проценти.
Во периодот од јануари до август 2026 година, во споредба со истиот период од минатата година, цените на угостителските услуги се зголемени за 3 проценти. Притоа, кумулативниот раст на цените во оваа дејност во август 2026 година во споредба со декември 2025 година изнесува 1,3 проценти.

