Мицкоски: Инфлацијата во Македонија за јули и август е под нивото на Европската Унија

Мицкоски: Инфлацијата во Македонија за јули и август е под нивото на Европската Унија
Сподели:

Премиерот Христијан Мицкоски, денеска изјави дека државата два месеци по ред успева да одржи ниво на годишна инфлација што е пониско од просекот на Европската Унија.

Мицкоски посочи конкретни статистички податоци, истакнувајќи дека во јули домашната инфлација изнесувала 2,3 проценти наспроти 2,9 проценти во Европската Унија, додека во август нивото на инфлација во земјава било 2,6 проценти, споредено со 3,3 проценти на ниво на ЕУ.

Премиерот се осврна и на претходните години кога двоцифрената инфлација се оправдуваше како увезена од странство, нагласувајќи дека со соодветно управување и знаење може да се постигнат подобри економски резултати.