МВР: Од сабота започнува примената на системот „Безбеден град“ во Велес

МВР: Од сабота започнува примената на системот „Безбеден град“ во Велес

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека од сабота, 12 септември 2026 година, системот за сообраќаен надзор „Безбеден град“ започнува со официјална работа и на подрачјето што го покрива СВР Велес. По успешно извршените технички проверки и завршните тестирања, поставените камери ќе бидат целосно ставени во функција на сите клучни сообраќајници во овој регион.

Со пуштањето во употреба на овој систем ќе се овозможи континуирана и засилена контрола на патиштата, автоматизирано и навремено регистрирање на сообраќајните прекршоци, подобрување на сообраќајната дисциплина меѓу учесниците во сообраќајот и подигнување на општото ниво на безбедност.

Од Министерството за внатрешни работи упатија апел до сите возачи и учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сите правила и прописи, за со одговорно однесување на патиштата да придонесат за поголема сигурност за сите граѓани.

Асоцијација
(04 ноември 2026)

Пишувајте
на кирилица.
А1
А2
А3
А4
Б1
Б2
Б3
Б4
В1
В2
В3
В4
Г1
Г2
Г3
Г4
Секоја среда нова асоцијација.