Нови реквизити и безбедни катчиња: Општина Карпош обнови пет детски игралишта

Нови реквизити и безбедни катчиња: Општина Карпош обнови пет детски игралишта
Сподели:

Општина Карпош продолжува со уредување и ревитализација на детските катчиња низ целата своја територија. Во рамки на овие активности, на детското игралиште „Млечен“ веќе заврши целосното реновирање на урбаните реквизити, при што беа заменети седиштата на сите лулашки и клацкалки.

Со реализацијата на петтата фаза од овој проект, во претстојниот период реконструкцијата ќе опфати уште четири детски игралишта. Активностите ќе се одвиваат на игралиштето во населбата Жданец, на улицата „Букурешка“ во Тафталиџе 1, на просторот помеѓу зградите на булеварот „Партизански одреди“ со броевите 197 и 109 во Тафталиџе 1, како и на игралиштето сместено помеѓу улиците „Соле Стојчев“ и „Желево“ во Карпош 4.

На детското игралиште во Карпош 4 е предвидено поставување на нов елемент кој содржи две лулашки со метална конструкција, а дополнително ќе се изврши и целосно репарирање на постоечкиот реквизит за качување.