Фармацевтската компанија Реплек го означи пуштањето во употреба на нова вертикална картонета од реномираниот италијански производител САМ (GB Group).
Оваа значајна инвестиција претставува дел од стратегијата за модернизација на производствените процеси и се случува токму во годината кога компанијата го прославува својот 80-годишен јубилеј.
Новата технологија овозможува двојно зголемен капацитет за вертикално картонирање на производите, што директно ќе придонесе за поголема ефикасност и оптимизација на производствената линија. Како што информираат од Реплек, инвестицијата ќе овозможи и целосна контрола на квалитетот во реално време.
„Оваа инвестиција е дел од стратешката програма за модернизација на производствените процеси и овозможува двојно зголемен капацитет за вертикално картонирање, поголема ефикасност и целосна контрола на квалитетот во реално време“, стои во објавата на компанијата.
Особено значајно за овој проект е фактот што иницијативата потекнала од тимот – вработените кои секојдневно работат со технологијата и процесите.