Во август се издадени 280 одобренија за градење, над 63% се објекти од високоградба

Во август се издадени 280 одобренија за градење, над 63% се објекти од високоградба

Според најновите податоци на Државниот завод за статистика, во август 2025 година се издадени 280 одобренија за градење, што претставува зголемување од 1.8% во споредба со истиот месец од претходната година.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 5.241.279 илјади денари, што е за 8.0% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 179 (63.9%) се наменети за објекти од високоградба, 31 (11.1%) за објекти од нискоградба и 70 (25.0%) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 280 објекти, на 166 (59.3%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 114 (40.7%) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 646 станови со вкупна корисна површина од 64.251 м2.

Асоцијација
(04 ноември 2026)

Пишувајте
на кирилица.
А1
А2
А3
А4
Б1
Б2
Б3
Б4
В1
В2
В3
В4
Г1
Г2
Г3
Г4
Секоја среда нова асоцијација.