Компанијата НИС (Нафтена Индустрија Србија) денеска ја извести јавноста дека Министерството за финансии на Соединетите Американски Држави (САД) не ѝ ја продолжило специјалната лиценца која овозможуваше непречено оперативно работење.
Од НИС истакнуваат дека приоритетите се редовно снабдување на домашниот пазар со нафтени деривати и зачувување на социјалната стабилност на вработените. Компанијата соопшти дека се обезбедени се доволни залихи на нафта за преработка во моментов и бензинските станици се уредно снабдени со сите видови нафтени деривати.
Во случај на престанок на функцијата на странските платежни картички (Mastercard, Visa), плаќањето ќе биде можно со домашната картичка „Дина“, готовина или со методот „ИПС покажи“.
Како директна последица на оваа одлука, хрватската компанија ЈАНАФ (Јадрански нафтовод) објави дека престанува можноста за натамошна реализација на Договорот за транспорт на сурова нафта, почнувајќи од 8 октомври 2025 година.
САД воведе санкции против српската компанија НИС поради тоа што рускиот нафтен гигант Гаспром Нефт е мнозински сопственик со околу 56 проценти од акциите, додека државата Србија има удел од околу 30 проценти. Ова се дел од западните санкции насочени кон Русија поради војната во Украина.