Во Општина Кавадарци започна следната фаза од проектот за комплетно парковско и урбано уредување на Кавадаречки дол, која го опфаќа хортикултурното уредување и зазеленувањето на просторот. Градоначалникот Митко Јанчев информираше дека по завршувањето на градежните работи, просторот се подготвува за трансформација во нова зелена рекреативна зона.
Со проектот е предвидено озеленување и уредување на површина од околу 7.500 квадратни метри, со што овој локалитет ќе прерасне во современа парковска целина наменета за прошетки, одмор и рекреација на граѓаните.
Озеленувањето на Кавадаречки дол е дел од пошироката општинска програма за подобрување на јавните простори, зголемување на зелените површини и заштита на животната средина во Кавадарци.
Од локалната самоуправа истакнуваат дека уредувањето на ваквите локалитети овозможува подобрување на квалитетот на живеење и создава нови уредени зони за сите генерации жители на градот.

