МВР: Од понеделник системот „Безбеден град“ започнува со работа и на подрачјето на СВР Охрид

МВР: Од понеделник системот „Безбеден град“ започнува со работа и на подрачјето на СВР Охрид

Министерството за внатрешни работи ја извести јавноста дека од понеделник, 12 октомври 2026 година, системот за сообраќаен надзор „Безбеден град“ официјално започнува со работа и на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Охрид.

По успешно завршените технички проверки и финалните тестирања, камерите од овој систем се ставаат во целосна функција на сообраќајниците низ охридскиот регион.

Активирањето на системот ќе овозможи засилен и континуиран надзор над сообраќајот, навремено откривање и документирање на прекршоците, како и зголемување на сообраќајната дисциплина со цел унапредување на општата безбедност на патиштата.

Од МВР упатуваат апел до сите учесници во сообраќајот и возачи доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и со одговорно однесување да придонесат кон намалување на ризиците на патиштата.