Божиновска на увид: Интерконекторот за гас со Грција ќе биде завршен следната година

Божиновска на увид: Интерконекторот за гас со Грција ќе биде завршен следната година

Изградбата на гасоводниот интерконектор меѓу Македонија и Грција влегува во поинтензивна фаза со засилена динамика на терен. По координираните состаноци меѓу Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, домашниот оператор НОМАГАС и грчкиот оператор ДЕСФА, на терен е регистриран видлив напредок, а крајната цел е стратешкиот проект да биде целосно завршен во текот на следната година.

Министерката за енергетика, Сања Божиновска, заедно со менаџерските тимови на НОМАГАС и ДЕСФА, изврши директен увид во градежните активности долж трасата. Според информациите од изведувачот, на терен веќе се завршени 95 проценти од процесот на експропријација и се расчистени околу 85 отсто од предвидената траса. Покрај тоа, целосно е завршено производството на сите цевки за проектот, при што веќе се испорачани 34 километри цевки, а 21 километар се веќе распоредени на самата локација.

Досегашните градежни работи опфаќаат успешно заварување на 13,7 километри цевковод и положување на над 6.300 метри цевки во земја. Паралелно со ова, комплетирани се шест од вкупно седумте планирани подпатни премини, а набавени се и околу 65 отсто од потребната придружна опрема и блок-станици. За дополнително забрзување на процесот, изведувачот на терен е опремен со нови автоматски машини за заварување.

Како што истакна министерката Божиновска, овој интерконектор е клучен за енергетската безбедност и економската стабилност на државата. Со неговата финализација, земјата ќе добие нов влез за природен гас, пристап до повеќе различни извори на снабдување и вистинска диверзификација, што ќе придонесе за долгорочна енергетска сигурност и посилно поврзување со европската енергетска мрежа.

Асоцијација
(04 ноември 2026)

Пишувајте
на кирилица.
А1
А2
А3
А4
Б1
Б2
Б3
Б4
В1
В2
В3
В4
Г1
Г2
Г3
Г4
Секоја среда нова асоцијација.