ЦУК предупредува: Речиси цела Македонија е под висок ризик од пожари на отворен простор

ЦУК предупредува: Речиси цела Македонија е под висок ризик од пожари на отворен простор
Сподели:

Според најновиот преглед на Македонскиот информациски систем за шумски пожари (МКФФИС), објавен денеска на 10 август, речиси целата територија на државата се наоѓа во зона со висок метеоролошки индекс за опасност од пожари.

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека единствено повисоките делови на Шара во моментов се надвор од оваа зона на висок ризик.

Иако според мерењата во моментов нема регистрирани области со многу висок индекс, сепак постои сериозен ризик од брзо појавување и ширење на пожари на отворен простор, како и од избувнување шумски пожари со висок интензитет на целата територија на Македонија. Извештајот упатува на зголемена будност и внимателност на граѓаните на сите локации.