Македонските градежни компании забележаа значително намалување на активностите и ангажманите на странските пазари во првите шест месеци од годинава. Според најновите податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС), во периодот јануари – јуни 2026 година, градежната оператива од државата извршила градежни работи во странство во вкупна вредност од околу 12,9 милиони денари.
Споредбено со истиот период од изминатата година, податоците укажуваат на двоцифрен пад и кај новите договори и кај реализираните проекти. Вкупната вредност на договорените градежни работи во странство во првото полугодие изнесува 12,875 милиони денари, што претставува пад од 76,5 проценти во однос на првите шест месеци лани.
Истовремено, вредноста на веќе извршените градежни работи на терен во странство бележи намалување од 57 проценти. Сите вредносни податоци за пресметката на ДЗС се дадени врз основа на паритетот од 1 американски долар за 52,3 денари.

