Бројот на одобренија за градење во јули е зголемен за 7.2%, еден од одобрените проекти е ветерниот парк во Штип

Бројот на одобренија за градење во јули е зголемен за 7.2%, еден од одобрените проекти е ветерниот парк во Штип

Државниот завод за статистика објави дека бројот на одобренијата за градење во јули 2025 година е зголемен за 7.2 % во однос на истиот период од претходната година.

Во јули 2025 година се издадени 401 одобрение за градење, што е за 7.2 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 31 699 433 илјади денари, што е за 345.3 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Зголемената вредност се должи на фактот дека во референтниот период е издадено одобрение за градба за ветерен парк (за производство на електрична енергија од обновливи извори) во општините Штип, Радовиш и Карбинци, кој е со вредност од 500 милиони евра.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 228 (56.9 %) се наменети за објекти од високоградба, 46 ( 11.5 %) за објекти од нискоградба и 127 (31.7 %) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 401 објект, на 232 (57.9 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 169 (42.1 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 667 станови со вкупна корисна површина од 60 676 м2.

Асоцијација
(04 ноември 2026)

Пишувајте
на кирилица.
А1
А2
А3
А4
Б1
Б2
Б3
Б4
В1
В2
В3
В4
Г1
Г2
Г3
Г4
Секоја среда нова асоцијација.