Мицкоски: За прв пат на месечно ниво имаме базична инфлација во негатива

Мицкоски: За прв пат на месечно ниво имаме базична инфлација во негатива

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека базичната инфлација во земјата за првпат е негативна на месечно ниво, што го оцени како добар индикатор за македонската економија.

Мицкоски посочи дека месечната стапка на инфлација за август е намалена во однос на јули, и дека годишната инфлација е намалена од 4,9% на 4,4%. Тој изрази очекување дека трендот на намалување ќе продолжи, со цел инфлацијата да се стабилизира на ниво од 2 до 2,5%.

Според премиерот, негативната базична инфлација е важен показател бидејќи токму таа беше главен двигател на општата инфлација. Тој нагласи дека владата води внимателна макроекономска политика, која не е интервенционистичка.

Целта на оваа политика, како што објасни, е да се одржи баланс меѓу растот на платите и инфлацијата, со тоа што растот на платите секогаш ќе биде барем двојно поголем од инфлацијата, за да се обезбеди подобар животен стандард за граѓаните.

Мицкоски додаде дека Државниот пазарен инспекторат и Комисијата за заштита на конкуренцијата спроведуваат интензивни контроли за да се обезбеди фер пазар, и дека редовно добива извештаи за нивната работа.

Асоцијација
(04 ноември 2026)

Пишувајте
на кирилица.
А1
А2
А3
А4
Б1
Б2
Б3
Б4
В1
В2
В3
В4
Г1
Г2
Г3
Г4
Секоја среда нова асоцијација.