Јанчев: Напредува изградбата на куглана, сала за гимнастика и апартмани за спортисти во склоп на СЦ „Јасмин“

Јанчев: Напредува изградбата на куглана, сала за гимнастика и апартмани за спортисти во склоп на СЦ „Јасмин“

Градежните работи за изградба на новиот спортски објект во рамките на Спортскиот центар „Јасмин“ во Кавадарци напредуваат според предвидената динамика и проектот постепено ја добива својата конечна форма на терен, објави градоначалникот Митко Јанчев.

Станува збор за инвестиција вредна 118 милиони денари, односно околу 1,9 милиони евра, чија финансиска конструкција е целосно обезбедена преку вториот повик од Владата. Со овој проект конечно се решава делот од просторот на спортскиот комплекс чија изградба започна уште во деведесеттите години, а кој со децении стоеше недовршен и запуштен.

Новиот објект се простира на површина од 1.000 квадратни метри во основа и ќе се состои од подрум, приземје и кат. Во неговите рамки е предвидено отворање на нова современа куглана и специјализирана сала за гимнастика, додека на горниот кат ќе бидат уредени 7 апартмани наменети за сместување и престој на спортисти за време на подготовка и натпревари.

Градоначалникот Јанчев истакна дека со оваа капитална инвестиција во спортската инфраструктура, Кавадарци продолжува интензивно да се развива како модерен, активен и спортски ориентиран центар во регионот.

Асоцијација
(04 ноември 2026)

Пишувајте
на кирилица.
А1
А2
А3
А4
Б1
Б2
Б3
Б4
В1
В2
В3
В4
Г1
Г2
Г3
Г4
Секоја среда нова асоцијација.