Мицкоски: Привлековме 1,4 милијарди евра странски инвестиции, речиси двојно повеќе од претходната влада

Мицкоски: Привлековме 1,4 милијарди евра странски инвестиции, речиси двојно повеќе од претходната влада
Сподели:

Вкупното ниво на странски директни инвестиции во изминатите 24 месеци достигна околу 1,4 милијарди евра, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Тој потенцираше дека ова претставува речиси двојно повисок износ во споредба со првите две години од мандатот на претходната влада, кога биле забележани околу 750 милиони евра.

Според изјавата на премиерот, правилното споредување на економските резултати е неопходно за да се оцени ефектот од новиот економски концепт што го понуди актуелната власт. Тој истакна дека разликата е очигледна и убедлива, без разлика дали економските показатели се пресметуваат по глава на жител или како вкупна вредност на вложениот капитал.

Како клучни примери за економската активност, Мицкоски го посочи почетокот на изградбата на новиот ветерен парк во општините Радовиш, Штип и Карбинци со првична вредност од половина милијарда долари, кој според најавите на инвеститорот дополнително ќе се проширува. Тој го спомена и денешното пуштање во употреба на нов производствен погон на компанијата „ВИК“ во Прилеп, нагласувајќи дека фокусот останува врз привлекувањето како на странски, така и на домашни инвеститори.