Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги објави списоците на добитници на финансиска поддршка за набавка и вградување на инвертер клима-уреди, во рамки на Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2026 година.
Преку оваа мерка се доделени над 500 потврди-ваучери за домаќинствата што ги исполнуваат утврдените услови во двете опфатени категории. Со овие ваучери на ранливите категории граѓани им се овозможува директна поддршка за подобрување на енергетската ефикасност во нивните домови преку набавка и бесплатна монтажа на инвертер уреди.
Од Министерството за енергетика информираат дека сите добитници мора да го искористат доделениот ваучер најдоцна до 15 октомври 2026 година. Ваучерите можат да се реализираат исклучиво кај овластените компании што се наоѓаат на официјално објавениот список од страна на ресорното министерство.
За сите дополнителни прашања, информации или евентуални технички проблеми со документацијата, граѓаните можат да се обратат до Министерството преку електронската адреса ranlivipotrosuvaci@energy.gov.mk или на телефонскиот број 071 320 384.

