Запленети заштитени видови змии и гуштер: Спречен шверц на граничниот премин Богородица

Запленети заштитени видови змии и гуштер: Спречен шверц на граничниот премин Богородица

Царинските службеници на граничниот премин Богородица, во соработка со полицијата, спречија нелегален внес на седум млади змии и еден гуштер. Егзотичните влекачи биле откриени при детаљна контрола на патничко возило управувано од косовски државјанин.

Омнибус контролата утврдила дека сторителот ги скрил влекачите под седиштето, претходно спакувани во пластични кутии и марами, со намера да ја избегне царинската контрола и да ги внесе во државата без соодветна документација.

Меѓу запленетите единки се наоѓаат заштитени видови, односно два питони од видот „Carpet Spilota“, по еден питон од видовите „Short tailed“ и „Brandly Carpet“, една змија „Chinese Ring rat“, како и „Raticulated Super Dwarf“. Меѓу откриените влекачи била пронајдена и една отровна змија од видот „Baron snake“.

Запленетите животни ќе бидат префрлени и предадени на надлежните институции, а против сторителот ќе биде поведена соодветна законска постапка. Од Царинската управа потсетуваат дека трговијата и внесот на заштитени видови се строго регулирани согласно Конвенцијата за меѓународна трговија со загрозени видови на дива флора и фауна (CITES) и секој обид за нивен пренос без валидни дозволи подлежи на санкции.