Кривична пријава против благајник од ЈП Кавадарци: Проневерени околу 9.000 евра

Кривична пријава против благајник од ЈП Кавадарци: Проневерени околу 9.000 евра

ОВР Кавадарци до Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе кривична пријава против В.Д. (48) од Кавадарци, вработена како благајник во Јавното претпријатие за комунални работи Кавадарци. Таа е осомничена за сторени кривични дела „проневера во службата" и „затајување".

Според поднесената пријава, постои основано сомнение дека пријавената В.Д., во периодот од 22.09.2025 до 31.10.2025 година, одзела вкупно 568.684 денари (околу 9.246 евра) од претпријатието.

Имено, како благајник, таа била одговорна за парите од дневниот промет од наплатните пунктови, добиени по основ на платени сметки за водоснабдување и комуналии. Се сомнева дека дел од овие пари, кои ѝ биле доверени во службата, не ги внесувала на банкарската сметка на претпријатието, туку дел задржувала за себе, а остатокот го внесувала на сметката.

Со овие дејствија, пријавената го оштетила Јавното претпријатие за комунални работи Кавадарци за наведената сума.

Следете ги најновите вести на Viber
Кривична пријава против благајник од ЈП Кавадарци: Проневерени околу 9.000 евра