Николоски се сретна со амбасадорот на Катар: Зајакнување на економската соработка и воведување на директна авиолинија Скопје-Доха

Николоски се сретна со амбасадорот на Катар: Зајакнување на економската соработка и воведување на директна авиолинија Скопје-Доха

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оствари работна средба со Рашид Бин Саед Ал-Кајари, вршител на должност амбасадор на Катар, со фокус на зајакнување на билатералната економска соработка и воспоставување на директна авиолинија Скопје-Доха.

Двајцата соговорници ја оценија билатералната соработка како добра, но ја потенцираа значајната можност за зајакнување на економските и трговските односи меѓу Македонија и Катар.

Вицепремиерот Николоски ја претстави амбициозната програма на Владата во областа на инфраструктурата, туризмот и авиосообраќајот. Посебен акцент беше ставен на можноста за воспоставување на директна авиолинија меѓу Скопје и Доха, што се смета за клучно за одржување на бизнис релациите и поврзувањето на граѓаните.

На средбата се разговараше и за зголемување на соработката во транспортниот сектор, туризмот и инвестициите.

Министерот Николоски истакна дека Македонија е во фаза на реализација на крупни капитални проекти и упати јавен повик до сите заинтересирани компании од Катар да се пријават на меѓународните јавни повици.

Асоцијација
(04 ноември 2026)

Пишувајте
на кирилица.
А1
А2
А3
А4
Б1
Б2
Б3
Б4
В1
В2
В3
В4
Г1
Г2
Г3
Г4
Секоја среда нова асоцијација.