Димитриеска-Кочоска: Дополнетиот ребаланс обезбедува стабилност на јавните финансии и сигурност за граѓаните

Димитриеска-Кочоска: Дополнетиот ребаланс обезбедува стабилност на јавните финансии и сигурност за граѓаните

Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2026 година претставува навремена реакција на глобалните економски околности и овозможува зачувување на стабилноста на јавните финансии, истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска за време на своето експозе пред пратениците во Собранието. Измените во државната каса се насочени кон приспособување на приходите и расходите за обезбедување непречено функционирање на државата до крајот на годината.

Министерката нагласи дека корекциите на приходната страна не се резултат на проблеми со ликвидноста, туку произлегуваат од преземените владини мерки за намалување на ДДВ-то и акцизите за бензините и дизелот, кои директно го заштитија стандардот на граѓаните и спречија ценовни шокови во економијата.

Со Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2026 година, вкупните приходи се проектирани на ниво од околу 6,08 милијарди евра, што претставува надолна корекција за околу околу 86,18 милиони евра. На истата вредност е извршено и сразмерно кратење на расходната страна, со што вкупните расходи изнесуваат околу 6,84 милијарди евра. Буџетскиот дефицит останува непроменет на ниво од околу 752,85 милиони евра.

Во рамките на ребалансот се обезбедени дополнителни околу 60,16 милиони евра за социјални трансфери, од кои околу 22,76 милиони евра за социјални надоместоци и околу 14,42 милиони евра за здравствена заштита.

За Министерството за социјална политика, демографија и млади се алоцирани дополнителни околу 29,27 милиони евра за социјална помош, народни кујни и социјални услуги, како и уште околу 9,76 милиони евра за редовна исплата на породилните надоместоци. Направени се и корекции кај капиталните расходи каде што имало доцнење во реализацијата, при што е зачувана развојната компонента за инфраструктурните и локалните проекти.

Квиз:Асоцијација
(18 ноември 2026)

Пишувајте
на кирилица.
А1
А2
А3
А4
Б1
Б2
Б3
Б4
В1
В2
В3
В4
Г1
Г2
Г3
Г4
Секоја среда нова асоцијација.