Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој изврши исплата на средствата од Мерката 2.14, која се однесува на поддршка за регистрирано презимено пчелно семејство, предвидена во рамките на Програмата за финансиска поддршка во земјоделството.
Вкупниот финансиски износ кој е префрлен на сметките на земјоделските производители изнесува околу 2,55 милиони евра.
Со оваа финансиска поддршка се опфатени вкупно 5.716 одгледувачи на пчели низ целата држава кои ги исполниле условите за добивање на субвенциите.
Целта на мерката е одржување и зајакнување на пчелните семејства, како и поддршка на домашното производство на мед и одржливиот развој на пчеларството.

