Започна со работа дигиталното банкарство на „АЛТА банка“: Од утре се отвора експозитурата во ТЦ „Бисер“ во Скопје

Започна со работа дигиталното банкарство на „АЛТА банка“: Од утре се отвора експозитурата во ТЦ „Бисер“ во Скопје

Народната банка на Република Македонија соопшти дека од денеска, 10 ноември, за сите клиенти на „АЛТА банка“ АД Битола се овозможува користење на услугите за електронско и мобилно банкарство. Мерката е дел од активностите за обезбедување полесен пристап до средствата и уредно извршување на секојдневните финансиски трансакции.

Користењето на дигиталните канали се одвива согласно утврдените лимити од 15.000 денари неделно за клиентите со платежни картички, односно до 20.000 денари за период од две недели за корисниците кои не поседуваат картички. Овие лимити се применуваат збирно за сите сметки во банката и ги опфаќаат сите достапни канали за плаќање, вклучително повлекување готовина од банкомати и шалтери, плаќања во трговијата и електронски префрлања на средства.

Во рамките на планот за стабилизација и достапност на услугите, од утре започнува со работа и експозитурата на „АЛТА банка“ АД Битола во Скопје. Новиот пункт за опслужување на клиентите е лоциран во Трговскиот центар „Бисер“ во населбата Аеродром, на бул. „Јане Сандански“ бр. 1/1.

Со отворањето на оваа експозитура, депонентите и клиентите од скопскиот регион добиваат директен пристап до банкарските услуги без потреба од патување во другите градови. Паралелно со тоа, непречено продолжуваат со работа и претходно отворените експозитури во Битола, Струмица и Тетово.

Квиз:Асоцијација
(18 ноември 2026)

Пишувајте
на кирилица.
А1
А2
А3
А4
Б1
Б2
Б3
Б4
В1
В2
В3
В4
Г1
Г2
Г3
Г4
Секоја среда нова асоцијација.