Бројот на странски туристи во Македонија се зголеми за 10 проценти во 2025 година

Бројот на странски туристи во Македонија се зголеми за 10 проценти во 2025 година

Државниот завод за статистика објави дека во декември 2025 година се регистрирани над 59 илјади туристи кои реализирале 112 илјади ноќевања.

Бројот на ноќевањата го сочинуваат странските туристи со 57,6%, а 42,4% се домашни туристи.

Во периодот јануари-декември 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристи е зголемен за 6,0%, односно кај домашните туристи има намалување за 2,2%, а кај странските има зголемување за 10,3%.

Во периодот јануари-декември 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на ноќевања е зголемен за 0,8%, така што кај домашните туристи има намалување за 4,1%, а кај странските има зголемување за 6,4%.

Листата на земји од каде доаѓаат најбројните гости во декември ја предводи Турција со 7.303 туристи, по што следуваат соседните земји Бугарија со 5.214, Србија со 4.736 и Грција со 3.438 посетители.

Асоцијација (08 април 2026)