Орце Ѓорѓиевски на кафе со Коце Трајановски, разговор за иднината на Скопје

Орце Ѓорѓиевски на кафе со Коце Трајановски, разговор за иднината на Скопје

Кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, кој во моментов ја извршува функцијата градоначалник на Општина Кисела Вода, оствари средба со поранешниот градоначалник на главниот град, Коце Трајановски. Средбата, која Ѓорѓиевски ја опиша како „пријателско кафе“, се одржа во позитивна атмосфера, со фокус на дискусија за иднината на Скопје.

Во својата објава на социјалните мрежи, Ѓорѓиевски истакна дека Трајановски е човек кој „остави силен печат во историјата на Скопје, градител со визија и љубов кон градот“. Тој додаде дека во секој разговор со Трајановски, ја чувствува неговата мудрост, искуство и искрената желба Скопје да биде убав, достоинствен и полн со живот.

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје ја нагласи својата визија за градот, велејќи: „Нашиот град заслужува повторно да ја врати својата сјајна метрополска душа“. Ѓорѓиевски изрази уверување дека со многу труд и упорност, тоа може да се направи реалност.

Орце Ѓорѓиевски на кафе со Коце Трајановски, разговор за иднината на Скопје