Се подготвува нов закон за обновлива енергија

Се подготвува нов закон за обновлива енергија

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, го стави во јавна консултација нацрт-законот за обновливи извори на енергија. Овој нацрт е достапен за јавноста до 30 август 2025 година, а негова главна цел е да се создаде целосна регулаторна рамка за обновлива енергија во земјава.

Клучните новини во законот се:

- Целосна регулатива за обновливи извори на енергија, вклучувајќи сопствена потрошувачка, заедници на ОИЕ, приклучок на мрежа, пазарна интеграција и долгорочни инвестиции.

- Воведување на нов финансиски механизам – двонасочен договор за пазарно порамнување на разликата во цена (two-way CfD), што гарантира стабилност и заштита на потрошувачите и инвеститорите.

- Законско регулирање на net metering и net billing – за пофер услови за потрошувачите-производители.

- Фокус на стабилност на мрежата, намалување на загуби и јаглероден отпечаток, како и локално производство на енергија.

- Поддршка за региони со потенцијал за забрзан развој на ОИЕ, усогласување со критериуми за одржливост и зголемена регионална соработка.

Нацрт-законот е достапен за јавна консултација до 30 август 2025 година. Министерството ги повикува сите засегнати страни – компании, граѓани, експерти, организации – активно да учествуваат во финализирањето на ова значајно законско решение.

Асоцијација
(04 ноември 2026)

Пишувајте
на кирилица.
А1
А2
А3
А4
Б1
Б2
Б3
Б4
В1
В2
В3
В4
Г1
Г2
Г3
Г4
Секоја среда нова асоцијација.