Според премиерот Мицкоски, транспортните и услужните дејности се генератори на инфлацијата

Според премиерот Мицкоски, транспортните и услужните дејности се генератори на инфлацијата

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека главниот двигател на инфлацијата во земјата се транспортните и услужните дејности. Според анализата што ја направила Владата, ресторанските услуги се зголемени за 24-25% во споредба со минатата година, а сличен е трендот и кај транспортните услуги.

Тој истакна дека Владата нема да се одлучи за ограничување на маржите на одредени производи, бидејќи досегашната пракса покажала дека таквата мерка е неефективна. Тој објасни дека ограничувањето на маржите само ја префрла инфлацијата во следниот месец, по што цените се нивелираат.

Според него, зголемените плати и пензии создаваат притисок врз побарувачката, што им овозможува на граѓаните да плаќаат повисоките цени, а тоа, ги поттикнува понудувачите да ги зголемуваат цените.

Асоцијација
(04 ноември 2026)

Пишувајте
на кирилица.
А1
А2
А3
А4
Б1
Б2
Б3
Б4
В1
В2
В3
В4
Г1
Г2
Г3
Г4
Секоја среда нова асоцијација.