За два месеци МЕМО издал 107.666 гаранции за потекло на електрична енергија

За два месеци МЕМО издал 107.666 гаранции за потекло на електрична енергија

Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО, во април годинава успешно го воспоставил Регистарот на Гаранции за потекло на електрична енергија и за само два месеци издал 107.666 гаранции.

На 26 мај, МЕМО официјално ги издал првите Гаранции за потекло од обновливи извори на АД ЕСМ, за електрична енергија произведена од хидроенергетските капацитети. Во јуни биле издадени 56.620 гаранции за хидроцентрали, а во јули – 51.046 за фотоволтаични централи.

Сѐ поголем број компании се приклучуваат кон Регистарот, што претставува клучен чекор во градењето на транспарентен и современ енергетски пазар.

МЕМО обезбедува усогласеност меѓу националните и европските регулативи, одржувајќи сигурен и стандарден систем за издавање, пренос и активирање на Гаранциите за потекло. Станува збор за електронски документ чија цел е да им обезбеди на потрошувачите доказ дека определен удел или количина од електричната енергија е произведена од обновливи извори.

За два месеци МЕМО издал 107.666 гаранции за потекло на електрична енергија