Во јуни се регистрирани над 113 илјади туристи: Турците најбројни гости во Македонија

Во јуни се регистрирани над 113 илјади туристи: Турците најбројни гости во Македонија
Сподели:

Според најновите официјални статистички податоци, во јуни во државава се евидентирани вкупно 113.436 туристи кои оствариле 221.608 ноќевања. Околу 77,2 проценти од вкупниот број туристи се од странство, додека домашните посетители учествувале со 22,8 проценти.

Слична е состојбата и кај престојот, каде што од вкупните 221.608 ноќевања во јуни, 70,8 проценти се остварени од странски туристи, а останатите 29,2 проценти се домашни гости.

Анализата на земјите од каде што пристигнале странските гости покажува дека Турција е на првото место со 24.570 туристи. По неа следува Србија од каде што дошле 8.522 посетители, потоа Германија со 4.396 туристи и Бугарија со 3.207 остварени посети.

Вкупниот број на туристи во првите шест месеци во споредба со истиот период лани е намален за 0,5 проценти. Притоа, кај домашните туристи е забележан пад од 3,1 процент, додека кај странските туристи има благ раст од 0,3 проценти.

Кај вкупниот број ноќевања во периодот јануари-јуни 2026 година е евидентирано намалување од 1,5 проценти во споредба со истиот период лани. Во овој сегмент падот кај домашните туристи изнесува 3,3 проценти, додека кај странските гости намалувањето на ноќевањата е незначително и изнесува 0,7 проценти.