Градежните работи за изградба на новиот повеќенаменски објект во селото Дреново се во завршна фаза, информираше градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев.
Новиот современ објект се простира на вкупна површина од 530 квадратни метри. Најголемиот дел од просторот, односно 360 квадратни метри, е наменет за спортски активности, рекреација и организирање културни манифестации за локалното население.
Останатиот дел од објектот содржи соодветни соблекувални, тоалети, како и посебна деловна просторија предвидена за потребите и функционирањето на Месната заедница Дреново.
Целосното финансирање на овој проект, во вредност од 30 милиони денари, односно околу 500 илјади евра, е обезбедено од буџетот на Општина Кавадарци.

