Министерот Николоски најави изградба на експресен пат од Смоквица до Ново Село за поврзување на Коридорите 10 и 11

Министерот Николоски најави изградба на експресен пат од Смоквица до Ново Село за поврзување на Коридорите 10 и 11

Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, на митингот за локалните избори што се одржа во Валандово, го претстави планот за изградба на експресен пат кој стратешки ќе ги поврзе паневропските Коридори 10 и 11.

„Еден проект којшто е визија, којшто лично премиерот го води, тоа е поврзување на Македонија со остатокот од светот преку паневропските коридори, коишто поминуваат низ Македонија,“ рече Николоски.

Тој посочи на стратешката позиција на земјата, каде се сечат Коридорите 8 и 10 источно од Скопје, како и близината на Коридорот 11 (по реката Струма во Бугарија).

„Планот е поврзување на коридорот 10 и коридорот 11. Тоа поврзување треба да се случи токму овде во Валандово, односно нашиот план е да се изгради експресен пат којшто ќе оди од Смоквица, преку Валандово, под Валандовско Брдо, ќе излегува на другата страна кај Куклиш, обиколница на Струмица, до Ново Село и на тој начин да се поврземе со Петрич и со другиот автопат којшто оди по реката Струма,“ објасни министерот Николоски.

Асоцијација
(04 ноември 2026)

Пишувајте
на кирилица.
А1
А2
А3
А4
Б1
Б2
Б3
Б4
В1
В2
В3
В4
Г1
Г2
Г3
Г4
Секоја среда нова асоцијација.