Српски државјани осудени за криумчарење на 2.300 штеки цигари, добија протерување од земјава во времетраење од пет години

Српски државјани осудени за криумчарење на 2.300 штеки цигари, добија протерување од земјава во времетраење од пет години

Основниот кривичен суд Скопје донесе пресуда врз основа на спогодба со Основното јавно обвинителство Скопје (ОЈО) против двајца државјани на Република Србија за кривично дело „Криумчарење“.

Како што соопшти Јавното обвинителство, двајцата обвинети на 1 октомври влегле во земјава преку граничниот премин „Блаце“, избегнувајќи ја царинската контрола и пренеле 2.300 штеки (23.000 кутии) цигари со косовски бандероли. Вкупната вредност на непријавената акцизна стока изнесува 3.220.000 денари.

Криумчарењето било извршено со товарно возило во сопственост на правно лице од Србија, при што цигарите биле скриени во импровизирани бункери во приколката.

Криумчарената стока била откриена од полициски службеници на улицата „Христијан Тодоровски Карпош“ во Скопје, каде што го забележале и контролирале камионот. Во моментот на контролата, во истото возило биле товарани и цигари со македонски бандероли.

Согласно постигнатата спогодба, која е потврдена од Судот:

- На обвинетите им е изречена парична казна од по 4.000 евра за секој, која треба да ја платат веднаш.

- Изречена им е и казна протерување од земјата во времетраење од пет години.

- Дополнително, одземени се сите криумчарени цигари, камионот со приколка, 1.300 евра кои биле пронајдени кај нив, како и два мобилни телефони.

Српски државјани осудени за криумчарење на 2.300 штеки цигари, добија протерување од земјава во времетраење од пет години