Американскиот претседател Доналд Трамп објави на социјалната мрежа „Truth Social“ дека Соединетите Американски Држави ќе воведат 100% царина за Кина, како одговор на Пекинг за најавата на извозни контроли врз речиси сите производи.
Според Трамп, Кина испратила писмо до државите во кое најавува воведување на големи извозни контроли, почнувајќи од 1 ноември 2025 година, за секој производ што го произведува, како и за некои производи што не се произведени од нив.
Трамп го опиша потегот на Кина како агресивна позиција и нешто непознато во меѓународната трговија. Тој смета дека ова е план разработен од Кина пред неколку години и дека ги погодува сите земји, без исклучок.
Како одговор на ова, Трамп најави:
- Почнувајќи од 1 ноември 2025 година (или порано, во зависност од понатамошните дејствија на Кина), САД ќе воведат царина од 100% на Кина, која ќе биде дополнителна на сите веќе постоечки царини.
- На истиот датум, САД ќе воведат контрола на извозот на секаков критичен софтвер.