Издадени 314 градежни дозволи во септември, најмногу во Полошкиот регион

Издадени 314 градежни дозволи во септември, најмногу во Полошкиот регион

Државниот завод за статистика (ДЗС) објави дека во септември 2025 година е забележан раст на бројот на издадени одобренија за градење. Вкупно се издадени 314 одобренија, што претставува зголемување од 6.1% во однос на истиот месец лани.

Иако бројот на одобренија расте, предвидената вредност на објектите бележи пад. Предвидената вредност на објектите изнесува 7.124.419 илјади денари, што е за 5.2% помалку во споредба со септември 2024 година.

Според намената, најголем дел од одобренијата, односно 220 (70,1%), се издадени за објекти од високоградба. За објекти од нискоградба се наменети 38 (12,1%) одобренија, додека 56 (17,8%) се однесуваат на реконструкција.

Најголем дел од инвеститорите се физички лица, кои се јавуваат како инвеститори на 229 (72,9%) од објектите. Деловните субјекти се инвеститори на преостанатите 85 (27,1%) објекти.

Географски, најмногу одобренија за градење во септември 2025 година се издадени во Полошкиот Регион, каде се евидентирани 98 одобренија.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 727 нови станови, со вкупна корисна површина од 69.411 квадратни метри.

Следете ги најновите вести на Viber
Издадени 314 градежни дозволи во септември, најмногу во Полошкиот регион