Премиерот Христијан Мицкоски денеска ги коментираше најавите за можно заминување на одредени странски компании од земјата, порачувајќи дека тоа е природен процес во економијата кој не треба да се сфаќа драматично.
Премиерот истакна дека Владата активно работи на привлекување нови инвеститори и веќе постигнува успех во тоа. Тој најави дека се во тек преговори со неколку компании, од кои се очекува да се финализираат договорите до крајот на годината.
„Веќе имаме неколку коишто се во процес на завршување на преговори. Очекувам до крајот на годината 4 или 5 компании да потпишат договор со Владата“, рече Мицкоски.
Овие нови договори ќе донесат над 1000 нови работни места. Премиерот нагласи дека Македонија нуди еден од најконкурентните пакети за поддршка на инвестиции во Европа, што ја прави земјата атрактивна дестинација за странскиот капитал.