МВР предупредува на зачестени измами со лажни СМС пораки за сообраќајни прекршоци

МВР предупредува на зачестени измами со лажни СМС пораки за сообраќајни прекршоци

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека во изминатиот период е регистрирана повторна зачестена појава на измамнички пораки преку СМС, електронска пошта и социјални мрежи. Со овие пораки граѓаните лажно се известуваат дека треба да извршат уплата за наводно направен сообраќаен прекршок регистриран од системот „Безбеден град“.

Од МВР појаснуваат дека станува збор за обиди за фишинг измами, каде преку лажни интернет-страници и линкови се бара внесување на лични и банкарски податоци за нивна понатамошна злоупотреба.

Од надлежното министерство апелираат до јавноста на зголемена внимателност, препорачувајќи да не се отвораат сомнителни линкови, да не се внесуваат податоци од платежни картички или лозинки и да не се вршат какви било уплати преку неверфицирани пораки.

Воедно, од МВР потенцираат дека официјалните СМС известувања од системот „Безбеден град“ се испраќаат исклучиво од испраќачот „MVR-SC“, задолжително ја содржат регистарската ознака на возилото со кое е направен прекршокот, а линкот води до официјалниот домен safecountry.mvr.gov.mk. Секторот за компјутерски криминал веќе презема оперативни мерки за откривање и санкционирање на сторителите.

Квиз:Асоцијација
(18 ноември 2026)

Пишувајте
на кирилица.
А1
А2
А3
А4
Б1
Б2
Б3
Б4
В1
В2
В3
В4
Г1
Г2
Г3
Г4
Секоја среда нова асоцијација.