Полагањето на ловечки испит ќе се одржи на 28 ноември, рокот за поднесување барања е до 20 ноември

Полагањето на ловечки испит ќе се одржи на 28 ноември, рокот за поднесување барања е до 20 ноември

Стручната комисија за полагање ловечки испит при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство информира дека на 28 ноември 2026 година, со почеток во 9:00 часот, ќе се одржи ловечки испит. Испитот ќе се спроведе во големата сала во просториите на Министерството во Скопје.

Сите кандидати кои имаат поднесено комплетно барање за полагање до архивата на Министерството најдоцна до 20 ноември ќе имаат можност да пристапат кон полагањето. Барањата доставени по овој рок нема да бидат разгледувани за оваа сесија и ќе преминат за наредниот испитен рок.

Списокот на кандидати кои ги исполнуваат условите и имаат право да полагаат ловечки испит ќе биде официјално објавен на веб-страницата на МЗШВ на 21 ноември.

На денот на полагањето сите кандидати се должни со себе да носат важечки документ за лична идентификација, односно лична карта или пасош.

Квиз:Асоцијација
(18 ноември 2026)

Пишувајте
на кирилица.
А1
А2
А3
А4
Б1
Б2
Б3
Б4
В1
В2
В3
В4
Г1
Г2
Г3
Г4
Секоја среда нова асоцијација.