Турските и српските туристи најбројни гости во септември

Турските и српските туристи најбројни гости во септември

Според најновите податоци на Државниот завод за статистика, во септември во Македонија се регистрирани вкупно 136.305 туристи кои оствариле 264.370 ноќевања. Во структурата на вкупниот број туристи, домашните учествуваат со 24,9 проценти, додека странските туристи сочинуваат 75,1 процент од посетителите.

Кај реализираните ноќевања, 33,8 проценти се остварени од страна на домашните посетители, додека 66,2 проценти од ноќевањата им припаѓаат на странските гости.

Податоците за кумулативниот период јануари - септември покажуваат раст на вкупниот број туристи за 3 проценти во споредба со истиот период од претходната година. Притоа, бројот на домашните туристи е зголемен за 2,8 проценти, додека кај странските туристи е забележан раст од 3 проценти.

Во истиот деветмесечен период, вкупниот број на ноќевања бележи раст од 3,5 проценти. Кај домашните туристи зголемувањето изнесува 2,4 проценти, а кај странските гости е евидентиран раст на ноќевањата од 4,6 проценти.

Според структурата на земјите од каде што дошле најголем дел од странските гости во септември, предводи Турција со 27.933 посетители, по што следуваат Србија со 8.358, Германија со 6.633 и Полска со 4.656 туристи.

Квиз:Асоцијација
(18 ноември 2026)

Пишувајте
на кирилица.
А1
А2
А3
А4
Б1
Б2
Б3
Б4
В1
В2
В3
В4
Г1
Г2
Г3
Г4
Секоја среда нова асоцијација.