„Витаминка“ ја отвори својата прва продавница во Прилеп

„Витаминка“ ја отвори својата прва продавница во Прилеп

Компанија „Витаминка“ АД Прилеп го направи својот прв чекор во развојот на сопствената малопродажна мрежа со отворањето на својата прва специјализирана продавница. Новиот продажен простор е лоциран во центарот на Прилеп, на булеварот „Гоце Делчев“ број 28, со што компанијата дополнително го доближува својот производствен асортиман до потрошувачите.

Овој развоен чекор доаѓа во годината во која компанијата одбележува јубилеј од 70 години постоење и претставува стратешко надградување на долгогодишното производствено искуство преку воспоставување директен контакт со купувачите.

Во новата продавница е застапен комплетниот асортиман на брендот, вклучувајќи ги кондиторските производи, препознатливите Стоби флипс и Чоко стоби флипс, разновидните преливи, намази и сосови, како и сите вкусови од линијата на инстант пијалаци Цевитана. Сопственото продажно место ќе ѝ овозможи на компанијата директен увид во потребите и навиките на потрошувачите.

Продавницата ќе работи секој работен ден од понеделник до петок од 08:00 до 20:00 часот, како и во сабота од 08:00 до 16:00 часот, додека недела е неработен ден.

Квиз:Асоцијација
(18 ноември 2026)

Пишувајте
на кирилица.
А1
А2
А3
А4
Б1
Б2
Б3
Б4
В1
В2
В3
В4
Г1
Г2
Г3
Г4
Секоја среда нова асоцијација.