Меѓународниот аеродром Скопје доби престижна награда: Најпријатно аеродромско искуство во Европа

Меѓународниот аеродром Скопје доби престижна награда: Најпријатно аеродромско искуство во Европа

Меѓународниот аеродром Скопје уште еднаш е прогласен за еден од најдобрите во Европа, освојувајќи ја престижната награда за „Најпријатно аеродромско искуство во Европа“ (Easiest Airport Journey in Europe). Наградата, која е дел од програмата Airport Service Quality (ASQ), беше доделена на свечена гала-церемонија во Гуангжу, Кина.

Ова е десетти пат како ТАВ Македонија, компанијата што раководи со аеродромот, го добива ова признание од страна на Меѓународниот совет на аеродроми (ACI). Наградата се доделува врз основа на анкети спроведени меѓу самите патници, кои го оценуваат квалитетот на аеродромските услуги.

Неџат Курт, генерален менаџер на ТАВ Македонија, изјави: „Ова е повеќе од чест – тоа е потврда дека упорноста, посветеноста и љубовта кон нашата работа носат резултати. Ова признание е за целиот аеродромски тим и за сите патници кои секојдневно ни ја укажуваат својата доверба“.

Наградата ја потврдува континуираната посветеност на аеродромот да ги подобрува своите услуги. Во минатото, аеродромот веќе беше наградуван како „Најдобар аеродром во Европа“ во категоријата до 2 милиони патници (2012, 2013, 2015, 2018), а потоа и во поголемата категорија од 2 до 5 милиони патници (2019, 2020, 2021, 2022, 2023, 2024).

Меѓународниот аеродром Скопје доби престижна награда: Најпријатно аеродромско искуство во Европа