Полициска акција во Тетово: Уапсена жена осомничена за посредување во проституција

Полициска акција во Тетово: Уапсена жена осомничена за посредување во проституција

Полицијата вчера спровела координирана акција во неколку објекти во Тетово, при што е уапсена 41-годишна жена од скопското село Бојане, под сомнение за посредување во проституција.

Акцијата се одвивала од 12:00 до 14:00 часот, а била спроведена од полициски службеници од СВР Тетово, во содејство со Државната пазарна инспекција, Управата за јавни приходи и Државната трудова инспекција.

При контролата на угостителски објект на улицата „Јане Сандански“, во 14:00 часот, лишена од слобода е Г.Ш.(41) од скопското село Бојане. Таа била затекната во објектот, а постои основано сомнение дека сторила кривично дело по член 191 од Кривичниот законик.

Во објектот бил затекнат и управителот Г.Н.(59) од Тетово. Од двајцата се одземени мобилни телефони.

Г.Ш. е задржана во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Асоцијација
(04 ноември 2026)

Пишувајте
на кирилица.
А1
А2
А3
А4
Б1
Б2
Б3
Б4
В1
В2
В3
В4
Г1
Г2
Г3
Г4
Секоја среда нова асоцијација.