ССМ: Еден газда зема плата колку за 817 работници на минималец

ССМ: Еден газда зема плата колку за 817 работници на минималец

Во време кога над 73% од македонските работници примаат плата под просекот, фрапантни се податоците за платите на најбогатите, алармира претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов.

Во јули највисоката исплатена нето-плата во земјава изнесувала над 320.000 евра, ССМ побара одговорност и истакна дека оваа плата е еквивалентна на платите на 817 работници со минималец. Трите највисоки плати заедно надминуваат 700.000 евра, што е плата за 1790 работници со минимална плата за еден месец.

„Но, уште позагрижувачки се податоците дека во мај има 0 (нула) работници кои примиле минимална плата и 0 (нула) кои примиле просечна плата, што фрла дополнителен сомнеж на состојбите со платите во Македонија“, изјави Трендафилов.

Синдикатот посочува на големата неправда и дискриминација во даночниот систем. Според нив, додека работниците со минимални и просечни плати плаќаат 38% придонеси, газдите со милионски примања над највисоката основица од 16 просечни бруто-плати, плаќаат само 10% персонален данок.

ССМ: Еден газда зема плата колку за 817 работници на минималец