Јавно обвинителство: Тројца работници загинаа во тешка сообраќајна несреќа на експресниот пат Штип-Радовиш, истрагата е во тек

Јавно обвинителство: Тројца работници загинаа во тешка сообраќајна несреќа на експресниот пат Штип-Радовиш, истрагата е во тек

Тројца работници загинаа, а две лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи денеска на експресниот пат Штип-Радовиш. Комбе со петмина патници излетало од патот и паднало од мостот во коритото на Балталичка река.

Основното јавно обвинителство Штип изврши увид на местото на несреќата. Според првичните информации, во комбето се превезувале работници ангажирани од фирма од Струмица.

Загинатите се двајца државјани на Бангладеш и еден од Непал. Еден од патниците се здобил со тешки телесни повреди, додека возачот е со полесни повреди.

Јавното обвинителство презема активности за утврдување на точните причини за несреќата. Истрагата е во тек.