Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, најави значајно преориентирање во надворешно-трговската и дипломатската стратегија на земјата, со акцент на пазарите кои имаат огромен потенцијал и кои досега биле запоставувани.
Главниот фокус е ставен на Блискиот Исток, како и на одредени пазари во Африка и Азија.
Како конкретен чекор во оваа насока, министерот Муцунски најави отворање на нова амбасада во Саудиска Арабија.
„Ќе се отвори нова амбасада во Саудиска Арабија, земја со којашто имаме сериозен потенцијал, се очекува да се отвори во 2026 година.“ - изјави Муцунски.
Во однос на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), по неодамнешната посета на македонската влада во ОАЕ, министерот изрази очекување за дополнителни конкретни придобивки.
„Покрај визното олеснување коешто веднаш го добивме и е значајно за нашите граѓани и бизнис, очекуваме и со ОАЕ да имаме конкретно придвижување. Не би можел сега да соопштам поради доверливата комуникација помеѓу двете страни, но ќе има бенефити коишто граѓаните наскоро ќе ги чувствуваат.“ - потенцираше тој.
Министерот во 2026 година планира да посети дел од пазарите во Африка и Азија, а планот е да биде придружуван со претставници од нашата деловна заедница.“ - нагласи Муцунски.