Министерката Божиновска најави современа опрема за државна контрола и верификација на броилата

Министерката Божиновска најави современа опрема за државна контрола и верификација на броилата

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска најави зајакнување на контролата и транспарентноста во мерењето на потрошената електрична енергија, истакнувајќи дека точноста на броилата значи доверба дека секој граѓанин плаќа за реално потрошената енергија.

Министерката ја посети акредитираната лабораторија на Електродистрибуција, која врши метролошка проверка и инспекција на броила.

За време на посетата, тимот на лабораторијата ја презентираше најсовремената технологија и опрема, меѓу кои и седум испитни станици од германската компанија ЕМХ. Со оваа опрема се обезбедува прецизно, сигурно и транспарентно тестирање на броилата што ги користат домаќинствата низ државата, а резултатите од надзорната оценка потврдуваат дека Телото за инспекција целосно ги исполнува меѓународните стандарди.

Како клучен чекор кон поголема доверба и фер однос, министерката Божиновска, заедно со директорот на Бирото за метрологија, најави:

„И во Бирото за метрологија наскоро ќе биде ставена во функција современа опрема за државна контрола и верификација на броилата – со што секој граѓанин ќе може независно да ја провери исправноста на своето броило во државна институција. Тоа е прашање на фер однос, јавен интерес и транспарентност.“

Следете ги најновите вести на Viber
Министерката Божиновска најави современа опрема за државна контрола и верификација на броилата