Преспанското Езеро е порибено со околу 7.000 млади единки крап

Преспанското Езеро е порибено со околу 7.000 млади единки крап

Во водите на Преспанското Езеро денеска е извршено порибување со еден тон подмладок од крап, со што рибниот фонд е збогатен со околу 7.000 млади единки. Станува збор за автохтон подмладок кој е добиен од икра на матици потекнувачки од самото езеро.

Акцијата за порибување ја спроведе регистрираното мрестилиште „Акватика“ од Неготино, а финансиските средства во износ од 500.000 денари (околу 8.130 евра) се обезбедени од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство преку Програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата за 2026 година.

Министерот Борче Серафимовски истакна дека со ова порибување директно се поддржува обновата на локалната популација на крап, додавајќи дека институциите ќе продолжат да вложуваат во заштитата на рибниот фонд и зачувувањето на биодиверзитетот на Преспанското Езеро.

Целиот процес на порибување го следеа инспектори од Државниот инспекторат за земјоделство (ДИЗ), кои извршија теренска контрола на вкупната тежина на подмладокот и бројот на пуштени единки. Директорот на ДИЗ, Ивица Ангеловски, најави дека во претстојниот период ќе се засилат инспекциските контроли на Преспанското Езеро и ќе се продлабочи соработката со риболовните здруженија за навремено откривање и спречување на незаконскиот риболов.

Квиз:Асоцијација
(18 ноември 2026)

Пишувајте
на кирилица.
А1
А2
А3
А4
Б1
Б2
Б3
Б4
В1
В2
В3
В4
Г1
Г2
Г3
Г4
Секоја среда нова асоцијација.