Продолжуваат археолошките истражувања на Виничко Кале: Пронајдени остатоци од железнодопска куќа и керамика

Продолжуваат археолошките истражувања на Виничко Кале: Пронајдени остатоци од железнодопска куќа и керамика

Во рамките на годишната програма за археолошки истражувања на Националниот археолошки музеј, по пауза од 15 години продолжија систематските истражувања на локалитетот Виничко Кале кај Виница, еден од најзначајните доцноантички утврдени локалитети во источниот дел на Македонија.

Овогодишните теренски активности се фокусирани на доистражување на објектот лоциран западно од малата црква, во централниот дел на утврдувањето непосредно до главната улица. Преку откривање и документирање на архитектонските остатоци, целта на истражувањата е поцелосно согледување на просторната организација, намената и хронолошкиот развој на овој сегмент од населбата.

Од особена научна важност кај овогодишните наоди е откривањето на многу поран културен слој на живеење на овој простор, потврден преку остатоци од дел од железнодопска куќа и фрагментиран керамички материјал од тој период. Ова откритие претставува непобитен доказ за континуирано населување на локалитетот од праисторијата па сè до 13 век од нашата ера.

Иако Виничкото Кале е најпознато по уникатните теракотни релјефи со христијанска иконографија, континуираните систематски истражувања овозможуваат пошироко дополнување на сознанијата за неговата архитектура, урбана структура и историски развој.

Проектот е финансиран од Министерството за култура, а стручниот тим го сочинуваа раководителот Михаил Стојаноски, виш кустос во Националниот археолошки музеј, архитектот Марија Видевска, вишиот кустос Јовица Илиев, кустосот Златко Костадинов, кустос-советникот Благица Стојанова, како и Јулијана Иванова, кустос-советник во ЛУ Музеј „Теракота“ Виница.

Квиз:Асоцијација
(18 ноември 2026)

Пишувајте
на кирилица.
А1
А2
А3
А4
Б1
Б2
Б3
Б4
В1
В2
В3
В4
Г1
Г2
Г3
Г4
Секоја среда нова асоцијација.