Во мај регистрирани над 130 илјади туристи, најбројни се гостите од Турција

Во мај регистрирани над 130 илјади туристи, најбројни се гостите од Турција

Според Државниот завод за статистика, во мај земјава ја посетиле вкупно 131.723 туристи, кои оствариле 236.727 ноќевања. Странските гости соочинуваат дури 81% од вкупниот број туристи, додека домашните учествуваат со 19%.

Слична е структурата и кај остварените ноќевања, од вкупните 236.727 ноќевања, 75,8% им припаѓаат на странските туристи, а преостанатите 24,2% се од домашните посетители. Традиционално, најбројни меѓу странските гости во мај биле туристите од Турција (34.681), по што следуваат посетителите од Германија (9.578), Србија (7.605) и од Бугарија (4.858).

Во првите пет месеци од годинава (периодот јануари-мај 2026), во споредба со истиот период лани, вкупниот број на туристи бележи умерен раст од 2,6%. Овој раст во целост се должи на странските туристи, каде што е евидентиран скок од 4,9%, додека кај домашните туристи има пад од 4,4%. Кај вкупниот број на ноќевања во првите пет месеци е забележан минимален раст од 1%, при што кај странските гости ноќевањата се зголемени за 3,3%, а кај домашните се намалени за 4,1%.

Асоцијација
(04 ноември 2026)

Пишувајте
на кирилица.
А1
А2
А3
А4
Б1
Б2
Б3
Б4
В1
В2
В3
В4
Г1
Г2
Г3
Г4
Секоја среда нова асоцијација.