Министерството за финансии префрли нова, петта транша во износ од 11,3 милиони евра (700,9 милиони денари) на Развојната банка. Овие средства се наменети за поддршка на домашните компании, со цел да се поттикнат инвестициите во приватниот сектор.
Трансферот е реализиран од Буџетот за 2025 година, врз основа на барање од Развојната банка, откако деловните банки претходно ги одобрија проектите. Ова е дел од поголемата поддршка за економијата, за која се предвидени вкупно 250 милиони евра во Буџетот.
Досега, вкупно се исплатени пет транши во вредност од 171,1 милиони евра. Овие средства беа обезбедени преку заем од Унгарската експорт-импорт банка и се пласираат кон домашните компании под поволни услови.
Според податоците од Министерството, искористеноста на оваа кредитна линија од страна на компаниите во моментов е 68%.