По повод Светскиот ден на органодонорството, Министерството за здравство соопшти дека е извршена уште една успешна трансплантација на органи од починат донор.
Ова достигнување е резултат на хуманиот гест на едно семејство, кое во најтешките моменти одлучило да ги донира органите на својот најблизок, давајќи шанса за нов живот на повеќе пациенти. Министерството изрази огромна благодарност до семејството за нивната благородна одлука.
Во комплексниот процес на трансплантација беа вклучени бројни медицински тимови од хируршките и интерните клиники во клиничкиот блок „Мајка Тереза“. Нивната посветеност и професионалност биле клучни за успехот на операцијата.
Според Министерството, пациентите на кои им биле трансплантирани органи се во добра општа состојба и се под постојан медицински надзор и нега.